Шеќерни јаболка - вкус од детството
Десерт кој ќе ви ги врати сеќавањата од детството. Зашеќерени јаболка беа нашите омилени десерти кога бевме деца и имавме привилегија да ги јадеме само за време на празници или кога циркусот ќе дојдеше во градот. Еве како да ги направите дома.
состојки:
состојки:
- 10 мали јаболка
- 1 кг шеќер
- 10 стапчиња долги 20 см
- 1 прашок црвена прехрамбена боја
- Измијте ги добро јаболката отстранете ја дршката и прободете ги со стапчето.
- Ставете го шеќерот во тенџере и на тивка температура карамелизирајте го додека не добие бледо жолта боја. Бидете внимателни да не загори. Додадете црвена боја, промешајте и тргнете го тенџерето од оган.
- Веднаш секое јаболко се потопува во карамелот и се става на хартија за печење.
- Оставете да се изладат и да се стврднат.
- Уживајте во вкусот на детството!
No comments: